• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами : Од јануари досега процесуирани 3500 предмети за легализација на дивоградби- 2152 предмети имаат некомплетна документација

29/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами одржи прес-конференција на која образложи дека наследиле 3500 предмети за легализација на нелегално изградени објекти, за што од јануари годинава стручна екипа од 14 лица успеале сите да ги процесуирааат. Според градоначалникот најдени се предмети кои датираат од 2011 година.

 – Со одобрение на легализација се завршени 159 предмети. Во Советот на општина Тетово ќе се водат 338 предмети поради неусогласеност на намената на објектот со земјиштето и воедно претставуваат пречка за јавниот интерес (тротоар, улица, зелена површина). Одбиени се 97 предмети поради правна неусогласеност и несоодветна документација на предметот. Стасани за наплата се 344 предмети, при што се повикуваат граѓаните да ја извршат уплатата предвидена со законот за легализација за да можат да го продолжат процесот на легализација на нивните објекти. За 417 предмети потребно е теренско испитување, па за таа цел формиравме неколку теренски комисии кои континуирано вршат проверки за да може да се направи споредба и компатибилност на објектот за кој има барање за легализација со самото барање. 2152 предмети имаат некомплетна документација и за секој од нив изготвивме заклучок за прекинување на постапката, при што секоја странка автоматски ќе биде известена. Предметот ќе продолжи кога потребната документација ќе се комплетира од странката, додека овие предмети ќе бидат објавени и на веб-страницата на општината за да можат лицата кои аплицирале на брз и лесен начин да се информираат за документите кои им недостигаат, информираше Касами.

Тој рече дека неговата администраација нашла предмети кои биле решени но не биле известени сопствениците на ибјектите.

-Она што е навистина апсурдно и бара одговор од минатото раководство е дека: 67 предмети завршени со конечни решенија, долго време биле чувани во фиока , наместо да им бидат дадени на странките: ова не може поинаку да се протолкува освен како уште еден доказ дека претходното раководство од коруптивни причини, ги држеше тетовчани во заложништво . Сведоци на ова се и самите граѓани, кои беа непријатно изненадени кога ги информиравме дека нивни решени предмети, стоеле по фиоки. Ние сите уредно ги поканивме да дојдат да си ги добијат дозволите, посочувајќи им дека не должат ништо, бидејќи тоа е обврска која општината мора да ја исполни. Прашањето што треба јавно да се постави до предходнaта локална власт е: зошто овие дозволи не се доделени иако за нив имало правосилни одлуки, рече Касами.

За нерешените предмети Касами рече дека до февруари 2026 година Општина Тетово има обврска да ги чува активни.

-Овие предмети ќе бидат активни за да можат граѓаните да ги комплетираат и да донесеме соодветно решение. Ако немаат дополнителна друга измена на законот, после февруари 2026 година овие предмети ќе се затворат и легализациите ќе се одбијат, истакна Касами.

На прашањето кога ќе се постапува по предмети кои се одбиени за легализација Касами немаше конкректен одговор.

-Моравме да дојдеме до соодветени решенија. Кога ќе се донесе решение дека се одбива легализацијата, продолжува другата процедура. Ќе се утврди дека тоа е нелегален објект, дека не ги исполнува условите и ќе се оди со процесот на отстранување на објектот. Дали сам, дали преку општината тоа е друга фаза, други процедури, одговори Касами.

Тој информираше дека за објектите на Попова Шапка ќе треба Советот да донесе одлука затоа што таму се работи за една катастраска парцела и не може да се идентификува кој апликант кој дел од таа парцела ја има користено во последните 20 години.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Потпишан Кодексот за фер и демократски избори за Совет на Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.