За да се средат комуналните сметки потребно е време, рече градоначалникот Биљал Касами денес од настанот на градскиот плоштад на новинарските прашања што се случува со издавањето на новите грешни фактури од компанија Саубермахер. Вели дека е подготвен лично да ги сослуша граѓанските проблеми околу комуналните сметки.
„Ние имаме перманентна комуникција. На граѓаните им е дадена можност да дојдат во Општината да ги искажат нивните проблеми и незадоволства. Јас сум подготвен секоја недела да седнувам лично со граѓаните, со претријатието, со раководството на Саубермахер и едно по едно да ги решаваме нивните проблеми. Знаеме дека се работи за целосна промена на системот од тоа што не функционирало во минатото за нешто што ќе треба да функционира. Тоа бара време, тоа бара соработка од граѓаните. Јас барам граѓаните да соработуваат, а им гарантирам дека нема да имаат повисоки сметки од тоа што е реално е според сите закони и правилници. Но дека треба секој да плати за вода, за менаџирање со отпад и за јавните услуги тоа е важно. Во минатото не плаќале сите и тоа е била реалност. Затоа бараме соработка со граѓаните а им нудиме им гарантираме дека нема да плаќаат повеќе од тоа што треба да платат, рече Касами.
На новинарско прашање зошто не се работи на продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска“ од касарната во правец кон Порој, Касами со одговор дека проблемот е во компанијата изведувач.
„Таму динамиката беше дадена согласно динамиката понудена од компанијата, која треба да ги реализира таму работите, гледаме дека не се почитува таа динамика. Рековме дека ние ќе ги преземем сите законски процедури кои ќе треба да видиме зошто не се реализирани и зошто не е почитувана таа динамика. И ако треба ќе преземе правни мерки за компанијата која не ги реализираше обврските кои самата ги даде во почетокот на работите. Требаше за три месеци да се заврши-таа динамика беше дадена од самата фирма и сега треба да кажат зошто не е реализирана и каде е проблемот и да видиме. Ако е кривица на претријатието ќе треба да сноси последици за тоа, истакна Касами од плоштадот каде беше на активноста „Отворен ден“ што ја организираат средните училишта во Тетово.
ас