• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Биљал Касами: За истата иконографија никој досега не бил казнет

16/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами од прес-конференција во партиското седиште коментираше дека прекршочните пријави за него поради пречекот на косовскиот премиер се неразумни. Според него, иконографија како таа на концертот имало и порано, но никој не бил казнет.

– Од кога ми пратија покана да се пријавам во полиција, десетици пријатели и активисти ми пратија десетина видеа каде има иста иконографија и никому не му отиде на памет да повика некого и да казни. Се надевам дека вакви случаи нема да се повторат затоа што ваква иконографија не е прв пат. Цениме дека се неразумни се сите повици за линчување, казнување на организаторите на тој настан. Во контекст на брзите избори редовно претседателски и се надеваме и работиме да бидат вонредни парламентарни и сите политички актери реагираа во тој дел. Увидувајќи дека опозицијата албанска се окрупнува, тоа што беше цело време повик на Али Ахмети, дајте окрупнете се па да излеземе на избори. Ние сме тука веќе се окрупнуваме и бујрум на избори, истакна Касами.

Според него посетата на косовскиот премиер Курти е позитивна и ги раздвижи работите, па затоа од ДУИ инсистирале за денешната средба на Али Ахмети со косовски министер со кого било разговарано за изградба на патот Тетово – Призрен.

– Затоа треба да не пофалат, а не бараат да се казниме. Поинаку нема да го коментирам. Ако посетат на премиерот на Косово беше погрешна во Тетово и во Вејце тогаш не знам што требаше Али Ахмети да го повика министерот за транспорт на Косово за да разговараат за реализација на истиот проект. Посетата ги даде резултатите, ние сме среќни дека ги даде тие резултати и ние ги охрабруваме властите во Северна Македонија на овој проект. Затоа што овој проект е повеќе во интерес на граѓаните на Северна Македонија отколку граѓаните на Косово. Затоа што со тоа ќе добијат многу пократок пат до море. Знаеме дека морето е богатство и ние мораме да најдеме што пократки патишта да дојдеме до море за економски и општествен развој, порача Биљал Касами.

Тема на прес-конференцијата беше модуларната болница и загубените 14 животи.

-Изгубените животи во модуларната болница во Тетово и членовите на нивните семејства трипати беа убиени од неправдите и скандалозните одлуки на овој систем, кој сам никогаш не донесе правда. Првиот пат беа убиени затоа што ги криеја вистинските виновници за овој случај. Вториот пат беа убиени затоа што политичката и корумпирана правда и казнуваше оние кои би можеле да бидат најмалку одговорни во овој случај. Третиот пат ги убивте кога Министерството за здравство на чело со Фатмир Меџити и предложи на Владата да ги исплатат преостанатите финансиски средства на главниот виновник компанијата, БРАКО, која наместо да биде казнета, беше наградена со народни пари, рече Касами на партиската прес-конференција.

На прес-конференцијата Касами беше придружуван од Артан Етеми, кадар на Движење Беса кој беше поранешен економски директор на Клиничка болница и беше условно осуден за пожарот во модуларната болница.

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

На повеќе места пукната е челичната сајла на жичницата од Тетово до Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!