Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (30 ноември) околу 10 часот и 40 минути на улица „Јане Сандански“ во Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец Д.В. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (30 ноември) во 15 часот и 20 минути во СВР Тетово повикан е 31-годишниот А.М. од тетовско Желино, кој ден пред тоа бил пријавен од 33-годишниот тетовец И.Д. дека во угостителски објект во Тетово физички го нападнал и дека во нападот, според пријавеното, користел и стаклен предмет. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (30 ноември) во 13 часот и 15 минути во Полициската станица Тетово задржан за натамошна постапка е Б.Б.(37) од Република Албанија, кој претходно бил приведен на Граничниот премин Јажице поради непријавен престој во нашата земја