Тетовската полиција информира за четири приведувања.
Вчеравечер (22 мај) околу 22 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, а кој претходно бил пријавен од 34-годишна тетовка дека околу 17 часот во влезот од станбената зграда во која живеела, се нафрлил на неа, поради што таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Малолетникот е предаден на претставник од Центарот за социјални работи, по што бил префрлен во соодветна установа во Скопје. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (22 мај) околу 9 часот на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Ш.Б.(33) и Б.Б.(34) од Тетово затоа што се однесувале агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. Против двајцата, по документирање на случајот, ќе следуваат поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (22 мај) околу 15 часот и 10 минути на улица „176“ во Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот тетовец Г.З. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.