Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев кој денес беше во работна посета на СВР Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според него системот функционира без проблеми.
“Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле стигаат 85 илјади обрасци. Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие. Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ни има саботажа, ни има хаос. Имаше само лажна пропаганда и собирање на политички поени дека ќе се укине Преспански договор што ги доведе граѓаните во заблуда, одговори Митко Бојмацалиев на новинарските прашања.
Со пасошите со името на Република Македонија нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата, рече дополнителниот заменик министер.
„Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.
Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа ќе биде можно кога ќе има нова Влада.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски беше во работна посета на СВР Тетово.
„Од раководството на СВР Тетово и началникот бевме информирани за безбедносната состојба на територија на СВР Тетово која е поволна и ги задоволува критериумите и да кажеме дека граѓаните се безбедни. На раководството ја пренесов истата порака дека треба да работат исклучиво согласно законот и да бидат на страна на граѓаните и законот. Да не подлегнуваат на никакви притисоци од одредени политички партии бидејќи ние им служиме на граѓаните да бидат тие безбедни и да го остварат своето право на глас“, истакна во изјава за медиумите Митко Бојмацалиев.
Тој информираше дека СВР Тетово овие два месеци во областа на недозволена трговија има 16 успешни акции, а во 21 угостителски објект при акциски контроли откриени се 27 лица странски државјани кои нелегално престојуваат и работат
ас