• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бојан Маричиќ: Владата и СДСМ се грижат за Тетово за да биде успешна европска приказна

13/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ во Тетово се приклучи на предизборната кампања со кандидатите за советници.

-Денес сме тука во Тетово, на Поток каде што разговаравме со граѓаните и со поддржувачите на СДСМ и коалицијата околу нивните потреби и очекувања од нашата советничка листа за иизборите во Тетово на 20-ти август наредната сабота.

Во тие разговори имаме високо разбирање помеѓу граѓаните и помеѓу нашите поддржувачи и висока поддршка за нашата советничка листа. Мислам дека тетовчани и тетовчанки разбираат и сваќаат дека СДСМ и коалицијата го нудат најдоброто за Европско Тетово. Нудат листа на кандидати на којшто единствен интерес им е поддршка и успех на сопствениот град и интересот на граѓаните на Тетово.

Имавме прилика денес во Тетово со премиерот и со останатите министри да отвориме една нова инвестиција, германска инвестиција од сто и триесет милиони евра којашто ќе овозможи 900 нови работни места за Тетово и неговиот крај.

Тоа само укажува дека СДСМ и коалицијата дејствува со конкретни дела и работат со конкретни дела за тетовчани и дека Тетово е на висока листа на приоритети на градовите во Северна Македонија. Владата секогаш го гледала Тетово како еден од најважните градови и вложувала многу во него. Доказ за тоа е и инфраструктурата којашто е вложена во изминатиот период преку централната власт. Реконструкција на повеќе улици, на дел од канализациона мрежа но исто така и оваа денешна инвестиција.

Тоа е само доказ дека и владата и СДСМ и коалицијата  се грижат за Тетово и дека им е важно Тетово да биде успешна европска приказна.

Затоа сигурни сме дека на 20-ти август граѓаните ќе заокружат број 1 и ќе ја поддржат советничката листа на СДСМ и коалицијата затоа што знаат дека ние гарантираме со нашиот збор и со нашата советничка листа дека ветувањата ќе ги исполниме. Дека Тетово навистина заслужува многу подобро од она што го имаше во изминативе 10 месеци.Дека залужува да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура и нормални услови за живот, вода за пиење низ целиот град но секако дека заслужува и нов парк и нов спортски центар и уште многу работи. Единствена гаранција дека тоа ќе се исполни е нашата советничка листа на СДСМ и коалицијата и поддршката којашто ја имаат и од од партијата и од Владата.

Затоа никој не треба да има дилема , драги тетовчани и тетовчанки ве повикуваме на 20-ти август да заокружите број 1 и да гласате за СДСМ и коалицијата и за нашата советничка листа којашто ја нудиме на овие избори како прва во редослед и како најуспешна и како гаранција дека во Тетово доаѓаат подобри денови и дека ќе имаме до крајот на овој мандат европско, развиено, модерно Тетово, порача Маричиќ.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.