Денес Советот на Општина Тетово на последната 25-та седница за оваа година го одобри буџетот за 2024 година од 31.086.000 евра. Распоредот на општинската каса го одобрија 17 советници.
Градоначалникот Биљал Касами и претседателот на Советот Бесар Дурмиши сметаат дека буџетот е соодветен одговор на барањата и потребите на граѓаните на Тетово
-Сега имаме буџет со пораст од 4 милиони евра, за разлика од 2021 година кога буџетот беше 27 милиони евра.Сите сектори се важни и со својата тежина, и за нив во буџетот издвоивме – за секторот за урбанизам одвоивме 6 милиони денари за детални урбанистички планови. – 4 милиони денари за општинскиот инспекторат – 4 милиони денари за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња – како и 6 милиони денари за експропријација, бидејќи како што видовте, наша заложба и визија е изградба и развој на патната инфраструктура, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.
Од СДСМ побраа да се реализираат нивните предлози, за кои сметаат дека се приоритети за поквалитетен живот.
-На улицата од Два бреста до река Пена да се врати старата гранитна коцка, сите спортски клубови да играат на новиот градски стадион, реконструкција на улицата кај старата детска градинка, да има средства за фестивал на тетовска староградска песна за Велигден, еднократна помошо по 3000 денари за секое првоодделенче, да се отвори прифатни центри за деца-питачи, жени жртви на семејно насилство и зависници, истакна Глигорије Стојановски од СДСМ.
Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ рече дека во планирани проекти за 2024 година е уредување на православните гробишта во с. Фалише, реконстркција на ул.„Гоце Делчев” од соборниот храм Св.Кирил и Методиј до црквата Св.Никола, реконструкција на улиците „Поточка“, ул. „134“, Ј. Ончески” и ул.„Б.Стефановски“, „Александар Здравковски“, „Железничка“, ул.„180″ во населбата Блок 70, улица во Фалише и реконструкција на детските игралишта во населбите Блок 70 и Ајдучко Маало.
ас