• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Четири тетовски планинарски клубови со заедничка акција за подигнување отпадоци „Шара без отпад“

22/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Шара без отпад“ беше насловена вчерашната заедничка планинарска тура на четири клубови и националниот парк на која учесниците собираа расфрлани отпадоци на Шар Планина.

Акцијата беше спроведена на потегот Вејце-Вејачки водопад-планинарски дом Кобилица. Планинарската тура и подигнувањето отпадоци се реализираше од 8 до 14 часот.

Ова беше прва ваква тура и акција во учествува планинари од клубовите Јелак, Аргентус Монт, Тетекс и Љуботен, во координација со Национален парк Шар Планина, со цел да се подигне свеста да не се фрла ѓубре на планините.

-Шар Планина се радува на нашите мирни чекори. Секој здив, секој збор и секој чекор и секоја акција нека ја направат Шар Планина горда на нас.  За да ја оставиме Шар Планина подобра отколку што ја наследивме, понекогаш бара да го собереме и ѓубрето што не сме го оставиле. Нека блесне Шар Планина. Се надеваме обидовме да дадеме пример кој се надеваме ќе го следат и другите, порача Снежана Новаковска од ПК Тетекс.

-Со еколошката акција успешно се подигнати сите видливи пластични, најлонски,лимени и други отпадоци. Спакувани беа во 15 вреќи кои со теренско возило на националниот парк потоа беа префрлени во Тетово, информираше Зија Јонузовски од ПК Аргентус Монт.

Клубовите ќе продолжат со заеднички планинарски тури и акции и наредниот месец. Во јуни е планирана акција за чистење на патеката до и околу Боговињско езеро.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Црквата Свети Никола во Долна Лешница во недела 28 мај ќе одбележи патрониот празник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!