Црковниот одбор и годинешните кумови при црквата Свети Спас од село Долно Палчиште ги повикуваат сите благочестиви христијани да присуствуваат на црковно-народниот собир во недела 18 јуни 2023 година по повод Прва Недела од Петровденските пости.
-Ќе се изврши светење на масло (Маслосвет) од страна на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, по што за присутните гости ќе се принесе братско-сестринска трпеза и ќе се продолжи со црковно-народна веселба, информира црковниот одбор.
Воедно, се известуваат сите верници дека е во тек реконструкција на црквата Света Спас, село Долно Палчиште.
За да се завршат целосно планираните градежни активности,Црковниот одбор апелира дека се потребни се финансиски средства кои може да ги донирате на следнава жиро сметка.