Света Недела манастирска црква во близина на тетовското село Теново денес го празнува патрониот празник кој се слави на четвртата недела од почетокот на Велигденскиот пост.
Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост и доаѓа после Крстопоклоната недела.
Црквата Света Недела се наоѓа на месноста Осојница на Сува Гора.
На 14.04.2024 година, во Четвртата недела од Великиот пост на св. Јован Лествичник, во храмот „Св. Никола“ во Тетово беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Дарко Наумовски и ѓакон Илија Деспотовски.
,,Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност – Лествица. Времето на Великиот пост е погоден период, сите да се запрашаме: каде се наоѓаме на духовната лествица? Дали сме се издигнале некое скалило повисоко, или пак стоиме на почетокот. Оваа четврта недела од Велигденскиот пост е посветена на св. Јован Лествичник. Овој голем подвижник на Црквата Христова многу се потрудил да ни ја открие тајната на духовниот живот. Тој нè учи дека духовниот живот не се здобива лесно”, истакна во беседата г. Јосиф.
Фотографии Душица Ристовска