Левица – Тетово, со носителот на листа за ИЕ6 Игор Димески, денес беа активни на терен меѓу своите – народот, во општина Јегуновце. Разговараа со жителите на Јегуновце за веќепостоечките проблеми на населението и ја промовираа програмата на проф. Ванковска, кандидат за претседател на Левица.
Ги посетија селата: Јегуновце, Раотинце, Прељубиште, Ратае и Жилче, каде беа срдечно пречекани од населението.
Оттаму носителот на пратеничката листа за ИЕ6 Игор Димески порача:
,,Ви се обраќам од пред оваа велелепна зграда на некогашниот комбинат Јегуновце, изграден во времето на Југославија, кој овие ајдуци што се 30 години власт го затворија. Затоа поддржете ја проф. Ванковска и Левица на двојните избори, потребен ни е нов социјализам”.