Црквата Свети Атанасиј Александриски-Брвеница го одбележа патрониот празник
Празнувањето почна вчера со вечерна богослужба, а во 23:00 часот продолжи со читање на акатистот на Свети Атанасиј со трикратен опход со литија.
Утрово, со почеток во 07:00 часот имаше Утрена богослужба, а потоа и Света божествена литургија.
-Чинот на прережување на славски лебови го извршија митрополит тетовско гостиварски г.Јосиф и парохискиот свештеник протапрезвитер Ивица Спасеновски.
Верниците пристапи на братско-сестринска трпеза на љубовта, дарувана од овогодишните кумови. Настапија и играорците од КУД „Брвеница“-Брвеница.