Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку соопштение информира дека е изгаснат пожар над Јеловјане од страна на четворица вработени во НП Шар Планина како ренџери.
„По добиена пријава на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за пожар на отворено над с. Јеловјане, на патот „Шарски води“, oд Националниот парк „Шар Планина“ веднаш реагирале и интервенирале со сопствени сили- тим од 4 вработени ренџери, а биле во постојана комуникација со ЦУК. Ренџерите од Националниот парк „Шар Планина“, при крајот од денот, успешно го изгаснаа попладневниот пожар над с. Јеловјане на патот „Шарски води“, на ниска вегетација и грмушки по што биле повлечени од терен“ соопшти ЦУК.
И во неделата и понеделникот ренџерите гаснеа два пожари на други локации на подрачјето на Шар Планина во близина на селата Бозовце и Вешала.
А.С
фото ЦУК