Во градинката „Тетекс“ по повод Светската недела на детето беа реализирани повеќе активности.
Активностите ги проследи и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, по покана на директорката на Општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Фатлинда Јаја.
-Децата постојано не потсетуваат дека тие се нашата иднина , и дека ние сме должни да им обезбедиме мирно и убаво детство. Беше чест и задоволство денот да го започнам во Градинката “Младост”, каде дечињата со своите учителки и негувателки, по повод Светската недела на детето, реализираа повеќе активности. Градинката е втор дом на децата и токму затоа нашата цел е постојано да вложуваме во подобрување на условите. Децата имаат свои права и заслужуваат да живеат во хумано, демократско и праведно општетство, порача градоначалникот Касами.