Неколкумина жителите на Тетово кои живеат во близина на реката Пена каде се исекоа десетици дрвја преку медиумите побараа надлежните установи за шуми да интервенираат и да ги тргнат исечените стебла. Стравот од поплави поради останувањето на исечените дрвја е причина за нивната реакција.
„Бараме шумското стопанство да ги расчисти дрвјата од коритото, бидејќи тие беа оние кои реагираа.Директно бараме да се исчисти коритото, кој има надлежност да го направи тоа за да си ја врши работата без никаква друга цел“, рече жител на Тетово.
„Со задоволство ја дочекавме акцијата која почна да се презема, бидејќи јас живеам во горниот дел, порано немаше вакви акции, некогаш имаше отстранување на камења и карпи. Не гледам дека дрвјата надвор од коритото се исечени, но во реката, знаеме дека коритото треба секогаш да биде слободно“, посочија луѓето од тој дел на Тетово.
Во неделата неколку десетици дрвја со различна големина беа исечени во коритото и долж реката Пена во правец кон месноста Бањиче, во акција за која општината рекоа дека е за расчистување на речниот правец и со превентивна цел за да се спречат поплави. Акцијата беше прекината, откако реагирале ЈП Национални шуми“.
Исечени неколку десетици дрвја во и долж коритото на река Пена