Денес е Прочка-помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“
По празничната литургија денес на Прочка во храмот Свети Атанасиј Александриски во Брвеница црковниот одбор организираше традиционална братско-сестринска трпеза. Во духот на традицијата верниците си ги простија гревовите направени едни кон други.
Од утре почнува Великата Четиресетница (Великиот Пост), а завршува во неделата на Воскресението Христово – Велигден на 5 мај.
Велигденскиот пост е најстрогиот пост кај православните верници во чест на страдањето на Исус Христос за луѓето. Строг пост подбразбира храна подготвена на вода, а масло да се употреби во сабота и недела. Риба се јаде на Благовештение и Цветници.