Мајка на десетгодишно дете сподели фотографија на Фејсбук од повредите на неговата лева нога по напад од бездомно куче. Револтираната мајка ја опиша случката и побара Општината како приоритет да ги има безбедноста и благосостојбата на граѓаните.
-Ова е ногата од син ми Калин. Калин има 10 години и вчера во 18. 30 излезе да си игра надвор и сред центар на овој ужасен град Тетово, пред детска градинка, кај што треба да е најбезбедно му се пуштиле 6 улични кучиња, едно го каснало. Паднал, се влечел и викал помош. Фала на тие што дошле и му помогнале Пред некој ден кучиња го нападнаа другар му Јаков, пред тоа и другар му Марко, а и уште куп баби, тетки, мајки… Што стана од градов??? Господине Билал Касами и сите останати надлежни Општина Тетово , приоритет треба да ви е безбедноста и благосостојбата на вашите граѓани! Во овој град нè јадат кучиња, дишимe отров, ѓубре на секоја страна, нема зеленило, нема деца кај да си играат, не е безбедно да се движиш…. ужас! Во овој град граѓаните не живеат, преживуваат!, вели во написот мајката Весна.
-Ќе преземете ли нешто да ни овозможите достоен живот?? Слушам ќе се протестирало за кучето што паднало, а за каснативе деца ќе се протестира?? Јас сакам кучиња, чувам едно дома, но ако се опасни и небезбедни по околина, треба да се реагира, исто како некој опасен човек да шета низ градот – него одма ќе го апсите, ама кучињата имаат посебни права!???? Не не интересира дали немате тендер, дали немате место кај да ги чувате, соберите кучиштава одма и дајте да шетаме слободно, без страв… или ние граѓаните ќе сме оставени и приморани да се штитиме како знаеме?!!!, вели мајката.
фотографија Фејсбук