Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани вчера 30 октомври
Tриесет и четиригодишниот тетовец В.С., вчера (30 октомври) во 11 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Ѓоце Симовски“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (30 октомври) околу 20 часот и 45 минути на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово ги лишиле од слобода Ј.О.(30), М.Р.(30) и Х.А.(39), тројцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Вчера во 16 часот во СВР Тетово се пријавиле малолетник и неговиот татко И.С.(42) од тетовско Селце-Кеч, кои претходно биле пријавени од 57-годишниот Х.С. од тетовска Голема Речица дека на нива во атарот на тетовска Брвеница физички го нападнале. Во нападот, според пријавеното, малолетникот употребил и дрвен предмет. Малолетникот бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
Вчера (30 октомври) во 15 часот и 15 минути на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле А.Б.(32) и О.Б.(38) од Тетово затоа што, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се расчистува и документира случајот и против нив ќе следуваат поднесоци.