Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 7 ноември 2023:
Триесет и едногодишната тетовка Д.В. вчера (7 ноември) во 14 часот во СВР Тетово пријавила дека на улица „Гоце Делчев“ во Тетово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Ноќеска (8 ноември), дваесетина минути по полноќ, на улица „179“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот Б.С. При преглед извршен во такси возило со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајден е кокаин. Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Триесет и осумгодишниот А.А. од тетовско Горно Палчиште вчеравечер (7 ноември) во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот пред угостителски објект во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска (8 ноември) околу 2 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово при преглед на 20-годишниот тетовец В.Л. во Тетово му пронашле и одзеле нож и против него ќе следува поднесок по Законот за оружје.