Навивачката група Војводи на 12 ноември ќе одбележи 35 години од формирањето. Навивачите јубилејот ќе го одбележат во рамки на првенствениот дуел помеѓу Тетекс и Пелистер што се игра в недела.
-На 12.11.2023 (недела) ќе се одигра натпреварот помеѓу ТЕТЕКС и Пелистер на АМС теренот. На овој натпревар ќе прославиме 35 годишнина од постоењето на нашата навивачка група. Должност на секој член и симпатизер на Тетекс е да се појави на стадион и да застане рамо до рамо заедно со нас и да ја одбележиме прославата како што е испланирано. Низ многу успеси и падови во овие 35 години од постоењето на нашата група и притисоци од сите страни успеавме да останеме на нозе! Добрите резултати на фудбалерите нека бидат уште еден дополнителен мотив да бидеш на трибина, се вели во повикот на навивачката група до сите свои членови