• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Детскиот хор „Лале“ од Тетово одбележа 45 години постоење

26/12/2022
во Некатегоризирано
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со свечен јубилеен концерт детскиот хор „Лале“од Тетово  под диригентство на маестро Ивица Зориќ вчера одбележа 45 години од основањето во 1977 година. Свеченоста се одржа во концертната сала на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово која беше исполнета до последното место.

Преку документирани видео обраќања за своите искуства во хорот зборуваа седум поранешни членки од првата генерација, но и од другите подоцнежни состави на овој детски хор. Беа прочитани пораки од поранешни хористки но и соработници на диригентот Зориќ.

-Концепцијата на концертот беше изведба на детска популарна музика, да направиме едно резиме за сето оан што е направено во овие 45 години. Како што најавивме се исполнија композиции од нашиот сограѓанин Борислав Јоргушевски-Боби, Кире Костов и Франц Грубер.  Се евоцираа спомени, впечатоци и сеќавања, преку видео пораки на поранешни хористки, како и телеграмите со честитки од државата, од соседните земји па се до прекуокеанските држави како Нов Зеланд, изјави диригентот Ивица Зориќ.

Во актуелниот хор настапуваат 30 девојчиња на возраст од седум до 15 години.

-Учеството во хорот освен за негување на хорската музика е развивање на социолошки аспект, да се дружат девојчињата и покрај разликата во години, да се шири мислата, да имаат круг на пријатели покрај песната, порача диригентот Ивица Зориќ.

Настапите на девојчињата беа проследени со многу овации и емоции.  Диригентот во име на хорот додели благодарници на поединци, инстутиции, организации и колективи за нивниот придонес во развојот на „Лале“.

Во изминатите 45 години хорот има освоено голем број награди во земјата и во странство. Има посетено 20 европски земји, а од нив некои и повеќе пати. Исполнети се преку 500 композиции на над 20 јазици.

Од хорот „Лале“ и подоцна „Менада“ оформено е сегашното трио Шербет.  Диригентот Ивица Зориќ е роден 1948 година, а диломирал 1973 на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Магистрирал во 2003, а докторирал 2007 како прв доктор по интерпретација во Македонија одбранувајќи го докторатот на тема „Дигитален каталог на македонското хорско творештво“. Основач е на хорот „Лале“ во 1977, и женскиот младински хор „Менада“ во 1981 година.

 ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта, завршија сите потребни проверки

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.