• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Димитар Ковачевски: 2023 година е година за економска пресвртница

25/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва во Тетово ја продолжи серијата граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“. На трибината се обрати и одговораше на прашања на граѓаните партискиот претседател и премиер Димитар Ковачевски.

На прашањата што ќе се направи околу постојаните зголемување на цените на храната и енергенсите, Ковачевски посочи дека со оглед на политиките на Владата очекува 2023 година да биде година за економска пресвртница и на нова надеж.

Според него, досега во тешки околности Владата успеала да го одржи стабилен и да не крахира буџетот, да се одржи енергетскиот систем и да се обезбеди храна, енергенси, греење и струја.

-Ако пред 10 месеци клучното прашање беше дали ќе успееме да обезбедиме храна, пари, струја и нафта, денеска клучното прашање е можеме ли заедно да го пребродиме последниот дел од економската бура или не.  Ако во првите десет месеци ја држевме цврсто економската линијата за борба против кризата, за наредната година и новиот Буџет тоа е промена, пресвртница од каде што тргнуваме во офанзива.  Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека оваа економска криза покажа дека е важно да се има силно стопанство и домашно производство. Затоа фокусот на Владата е во енергетската независност и транзииција на системот за обезбедување на енергија.

-На дело ја гледате енергетската трансформација каде од нашето сонце, македонско сонце, се позиционираме како иден зелен центар за енергија во Европа. На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и далеку поевтина електрична енергија и тоа се гледа на дело. 27 мегавати фотоволтаични централи имаме пуштено во употреба последните десет месеци. Во овој краток период од мандатот на оваа Влада. Енергетската трансфоромација ја почнавме со електраната Осломеј -инвестиција во фотонапонска електрана од 10 мегатвати, веќе се гради и подгтовува две центарали по 50 мегавати или 100 мегавати. Наместо произвдоство на електрична енергија од јаглен ќе биде заменети со енергија од сонце и ниту еден работник нема да остане без работа. Ќе работат на енергетска транзиција, рече Ковачевски.

На трибината се обрати и претседателот на ОО СДСМ Тетов Жика Алексовски. Претходно граѓански трибини се одржаа во Теарце, Брвеница, Желино и Јегуновце.

Ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Божиќниот пост почнува во понеделник 28 ноември

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.