Општина Тетово преку соопштение до јавноста информира јавноста дека го намалиле долгот на општината за шест милиони евра во однос на 2021 година. Во соопштението нема повеќе детали како е извршено намалувањето.
-По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони.Овој финансиски успех означува важна пресвртница во управувањето со јавните средства и несомнена посветеност да се осигура дека секое евро оди за инвестиции и квалитетни услуги за нашиот град и граѓаните, информират од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста Општина Тетово.
Во ноември 2021 година кога ја презеде должноста градоначалникот Касами информираше дека од вкупно 24 милиони евра долгови- 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното Комунално Претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата.