Во Јегуновце викендов се одржа изборна конференција на партијата „Движење ЗНАМ За наша Македонија“, со што е формирана општинска организација за Јегуновце, а за претседател е избран Драгиша Стојановски.
Јегуновце се придружи и избра вистински тим од сите краеви на општината предводени од председателот Драгиша Стојановски. Целокупниот тим изобилува со млади, енергични, доблесни, посветени активисти комбинирани со искусни членови. Македонија ЗНАЕ, Јегуновце се движи, Македонија се движи, Јегуновце ЗНАЕ , само За наша Македонија, време е, продолжуваме, информираат од партиката „Движење ЗНАМ За наша Македонија“
Во декември се основаше и тетовската општинска организација за чиј претседател беше избран Небојша Захариески.