Државниот завод за ревизија ги објави извештаите од ревизијата на три сметки од работењето на Општина Желино за 2022 година, од кои за две има негативно мислење.
Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Желино, на сметката на основен буџет (630) и сметката на основен буџет (637) за 2022 година за кои има неповолно мислење, додека има позитивно мислење за финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметката на приходи на буџет на дотации (930) на Општина Желино за истата година.
– Општината користи плаќања со пресметки при наплата на побарувањата и исплата на обврските, што придонесува платниот промет да се врши надвор од трезорскиот систем, ажурирање на пазарната вредност на целиот недвижен имот на територијата на општината не е извршено и состојбата на побарувањата не е реално прикажана, планирањето на буџетот на општината не се заснова на реалните состојби и можности на општината не се обезбедени имотни листови како доказ за правото на сопственост на дел од имотот, општината не ги почитува одредбите од договорот за јавно приватно партнерство за јавно осветлување за изградба на општинските патишта не се обезбедени извештаи од технички преглед и записник за примопредавање на градбите, посочуваат од Државниот завод за ревизија во клучните утврдени состојби.
Во системски слабости Заводот наведува дека не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината. Понатаму како системска слабост Заводот наведува што не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината.
– Не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила, да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ; законската обврска за усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија недоволно јасно и прецизно регулирање на наплатата на другите приходи во однос на надзорот и контролата и обезбедување на средствата потребни за финансирање на Територијалната противпожарна единица, се вели во збирниот апстракт на извештаите.
Државниот завод до општината дале 16 препораки, а немаат пратено забелешки.