По пожарот на депонијата во Тетовско, направен е увид од Државниот инспекторат за животна средина, но денес сè уште се прибира документацијата од фирмата концесионер ДТУ Еко-Ливинг ДООЕЛ Чегране. Директорот Сретен Стојковски информира дека фирмата имала две дозволи за локацијата.
-Дел од документацијата не е уште доставена. Во МВР била документацијата, во 15 часот треба да документацијата да се достави до инспекторот. Она ние што имаме од Министерството за животна средина дека има две дозволи. Една е за третман за складирање на отпад, тоа е дека може да работи на таа локација хартија, пластика и железо. И втората дозвола му е собирање и транспорт на комунален и неопасен отпад. Има дозвола за складирање и третман на железо, што е отпад овие отпадите што ги гледате во градовите, со дозвола од министерството каде што може да купува хартија, пластика и железо.Не смеел да носи комунален отпад на таа локација, согласно а дозволата што има требал да го транспортира комуналниот отпад директно во депонија Русино, изјави Сретен Стојковски.
По добиена информација за опожарување на депонијата Виш инспектор за животна средина и Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Полошки регион, Канцеларија Гостивар го извршиле вонредниот инспекциски надзор на на самото место. Според Стојковски, доколку се констатира дека бил оставен комунален отпад ќе има ќе има забрана за дејност.
-Точно се знае кои шифри на отпад, ќе направат проверка и доколку се утврди ќе се преземат соодветни санкции спрема фирмата бидејќи не смеела комуналниот отпад да го носи на таа локација. Дали носел комунален отпад од општините со кои има склучено договор на таа локација во Стенче, а требало да го носи во депонија Русино тоа ќе го провери инспекторот и доколку утврди тоа, а имало горење на отпад ќе има соодветна санкција, забрана за работа согласно законот за управување со отпад и законот за животна средина, изјави Сретен Стојковски.
Инспекторатот констатирал дека опожарувањето на отпадот започнало во понеделникот во 23 часот, по што се повикани пожарна и полиција.
ас