Од 7.30 до 9.30 часот, како што најави, Синдикатот на вработените во АД Пошта во државна сопственост, денес протестираа пред сите подружници, меѓу кои и во Тетово. Протестот почна во 7.30 со почеток на работното време во времетраење од два часа.
„Овој протест е израз на револт и незадоволството на вработените, членови на синдикатите, поради непочитување на законските рокови за редовна исплата на плата, како и непочитување на права и обврски согласно претходно остварените средби со менаџерскиот тим и формално усвоените заклучоци од тие состаноци, информираат од Синдикатот на Македонска Пошта