• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Два дена пожари на нови депонии во Тетовско, подрачјето повторно се гуши во чад и смрдеа

10/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Територијалната противпожарна единица Тетово вчера и денес повторно интервенира на повеќе пожари што се појавија на депонии, а најголема од сите која беше видлива дури од градот и автопатот кон Скопје беше кај Добарце, Општина Желино. Покрај Добарце, горат депонии и кај Јеловјане и Гајре.

Два дена трае борбата на пожарникарите кај Добарце, и покрај тоа што имаат помош од општината со механизација.

-Противпожарната единица Тетово само денес имаше 11 пожари, а од вчера се справуваме со пожарот кај депонија кај Добарце. Се ангажираше општината со фирми, донесоа багери и механизација, се трудиме да се гаснеме, со вода а тие потоа затрупуваат со земја. Навистина не можеме да се справиме со сите овие толку големи пожари. Цел Полог гореше, сите ние треба да ги изгасиме, ниедна институција не излегува на пресрет, за да ни помогнеме, ни ЦУК ни ДЗС, а сите се на отворено, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Според Амети, голема трагедија е спречена на пожарот на отворено над Тетово, односно улицата „146“.

-Најтешкиот беше на улица „146“ каде на отворено гореше,  голем пожар за малку ќе фатеше неколку куќи, а сите таму се залепени објекти. Денес беше чудо. Намерно палат за забава и оставаат огнови, па после ние се бавиме со шумски пожари. Ќе имаме тополи денови да не се палат огнови на отворено, се надевам на дожд затоа што е премногу за нас. Многу е ризично, сушно е, а не сфаќаат дека е сериозна работата, со палење на сметот по ниви и во шуми, изјави Амети.

Поради повеќето пожари на смет, повторно и низ Тетово се чувствува смрдеа, а има и чад.

ас

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Пензионерите повторно со протест на плоштадот во понеделник од 18 часот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!