На Агро Саем во Струмица што се одржа викендов два шампионски пехари добија двајца тетовски производители на мед.
Во категоријата костенов мед првото место го освои Владимир Антовски, за титулата највкусен костенов мед. Антовски е професионален пчелар кој одгледува 500 пчелни друштва.
На Агро Саемот во Струмица шампионски пехар доби и Пчеларство Петровски, на Владимир Петровски во категоријата дизајн и амбалажа за највкусен ливадски мед.