• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Културно уметничкото друштво „Брвеница“ годинава одбележува јубилеј 20 години на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“. Јубилејната годишнина ќе се одбележи на 16 и 17 јуни 2023, а покрај домаќините ќе учествуваат и КУД „Брвеница“ од Рашка, Србија, КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, ГАКУД „Браќа Гиноски“ од Гостивар, Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово, КУД „Младост“ од Кичево и КУД „7 Септември“ од Македонски Брод.

– Дваесет години негување на традицијата, богатото културно наследство, негување на фолклорот – и затоа оваа година покануваме заедно да ја прославиме дваесет годишнината на нашето друштво на културната манифестација „Фолклорни средби Брвеница игра и пее 2023 година“. На 16 јуни, петок манифестацијата ќе започне со ревија на македонски носии во Стенче во дворот на црквата св. Екатерина, презентирани од членовите на КУД „Брвеница“, на која ќе бидат присутни и гостите од истоименото друштво од Рашка, Србија, изјави претседателката на КУД „Брвеница“, Маријана Младеноски.

Таа информираше дека за прв пат по повод јубилејот ќе се организира ревија на македонски народни носии.

– На оваа прва ревија присутните ќе имаат прилика да погледнат дел од оригинални носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, носии од Полошкиот регион и западниот дел од Македонија кои се надеваме дека ќе ги им стоплат душите и ќе ги вратат сеќавањата за нашите предци кои неуморно рачно ги изработувале и ни ги оставиле во аманет да ги сочуваме и да се потсетуваме на темелот на македонската традиција и автентична култура единствена во целиот свет. Се надеваме дека ќе уживаат во настапите на фолклорните уметници и младите играорци кои ќе настапат со кореографии од различни делови на Македонија и се надеваме дека ќе поттикнеме големо културно будење и заинтересираност за се поголем број на млади деца се вклучат во негувањето на непроценливото културно наследство, изјави Маријана Младеноски.

Следниот ден сабота 17 јуни во 15 часот и 30 минути фестивалот ќе започне со дефиле низ Брвеница на домаќините и другите гости, по што следува концерт со почеток во 16 часот и 30 минути пред спортската сала „Коста Рацин“ во Брвеница.

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!