Соопштение на СВР Тетово 19 март 2024
Завчера (17 март) околу 17 часот и 30 минути во атарот на тетовското село Доброште, во месноста „Орман“, малолетник од ова село, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко, изгубил контрола движејќи се по нивите, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, додека сопатникот, исто така, малолетник се здобил со телесни повреди. Увид на местото вчера (18 март) извршила екипа од СВР Тетово.
Четириесетгодишен жител на тетовска Брвеница, вчера (18 март) во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека неговата малолетна ќерка во селото била касната од куче скитник.
Вчера (18 март) во 19 часот, 42-годишната тетовка М.С. во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил каснат од куче скитник.