Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 12 ноември 2023
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (12 ноември) околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода П.Ј.(44) од тетовска Брвеница и Љ.Л.(64) од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ.Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство. Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Вчера (12 ноември) околу 18 часот и 25 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот С.А. од тетовско Фалише, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. По документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
Дваесет и седумгодишниот тетовец Б.А., вчера (12 ноември) во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека дваесетина минути пред тоа на улица „Благоја Тоска“ во Тетово физички бил нападнат од едно лице, кое го познавал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.