Соопштение на СВР Тетово 21 февруари 2024
Триесет и петгодишната тетовка Д.М.Г. вчера (20 февруари) во 14 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавила дека во манастирскиот комплекс во тетовски Лешок нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник
Четириесет и двегодишниот Б.Д. од тетовско Ново Село вчера (20 февруари) во 9 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Ноќеска (21 февруари), половина час по полноќ, во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ѓ.Г.(39) од тетовско село, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од неговиот 67-годишен татко дека во семејниот дом околу 20 часот се однесувал агресивно кон него и физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (20 февруари) во 13 часот и 55 минути во СВР Тетово бил повикан на службен разговор С.М.(42) од тетовско, кој претходно бил пријавен од Д.С.(47) од тетовско и од вработената во неговата деловна канцеларија Џ.Б.Х.(34) од тетовско дека се однесувал агресивно кон нив и дека на двајцата им се заканувал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.