Движењето Антикоцкање бара сите пратеници да го поддржат законот со кој објектите на игри на среќа ќе се оддалечат 500 метри од улилиштата и други установи. Тие бараа да бидат оддалечени 3 километри, но законот предвидува 500 метри. Сега Антикоцкање бара и затворање на сите објекти.
-Законот да не го спречува специјално ВМРО ДПМНЕ зошто три години и повеќе го држи законот во фиоките во комисијата за финансии и буџет а на крај, едноставно мораа да го донесат законот со европско знаме за да може утре да помине во парламентот. Затоа апелирам до ВМРО ДПМНЕ крајно е више да се оддалечи од игрите на среќа и од овие игри што не носат среќа, па затоа барам и ВМРО да биде присутна утре и да оваа држава да може да се ослободи од игрите на среќа. Движењето Анти коцкање бараме затворање на сите игри на среќа во оваа држава, па ова е почеток, па мислам дека ќе стигнеме до тоа да се ослободиме од сите игри на среќа во нашата држава, изјави Јуши Емурлаи од Движење Антикоцкање.
Емурлаи смета дека ќе има повеќе од 61 пратеник и од позиција и од опозиција кои ќе гласаат за законот.
.Мислам дека за овој закон се сите заинтересирани, зашто ова и е национален закон не е верски, ова за целата држава важи не само за Тетово или за некој град во Македонија. Ова важи за цела држава. Затоа мислам дека сите пратеници ќе бидат утре и ќе гласаат како што треба, изјави Јуши Емурлаи.
Доколку се изгласа законот според Емурлаи објектите ќе имата време од една година да се дислоцираат.