Движење Антикоцкање повторно преку медиумите бара мнозинство на пратеници да ги поддржат измените во законот за игри на среќа со што објектите ќе бидат половина километар подалеку од училиштата. На 7 февруари законот го поддржаа 55 пратеници, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување. Сега на 29 февруари треба законот повторно да се најде пред пратениците.
„Очекуваме да не се лажеме уште еднаш. Во Парламентот има 120 пратеници, минатиот пат гласале 55. Тоа е едно лажење и на Движењето Антикоцкање и на народот во Македонија. Затоа ги повикувам сите пратеници, без разлика на партиите, позиција или опозиција, да не прават политика со овој предлог закон. Овој предлог закон е прв закон што не штити од игрите на среќа. Затоа не сакаме да се политизира и да прават политика, туку бараме сите пратеници свесно да размислуваат и да го поддржат овој предлог закон за да може да помине со над 61 пратеник да гласаат за овој закон, истакна Јуши Емурлаи од Движењето Антикоцкање
Движењето се надева дека повеќе од 61 пратеник ќе гласа ЗА, за да не треба да има потпис од Пендаровски за прогласуавње на законот за важечки.
„Ние мислевме дека претседателот ќе го поддржи овој закон, но се случи спротивното што не го потпиша законот и не врати назад. Затоа сега апелираме до пратениците од ВМРО и сите други пратеници за овој закон да го поддржат до крај. Затоа што е првиот закон што доаѓа на интерес на народот, не е на интерес на Владава или за некоја политичка партија, него на интерес на народот затоа што прв заштитен закон е овој. Имало полоши закони со европско знаме па претседателот ги потпишал, а не овој што го штити народот во Македонија. Имало закони можел да ги врати, не ги вратил . Затоа апелираме и до претседателот да ја види ситуацијата каква е во Македонија, истакна Јуши Емурлаи.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) преку протести побараа во неколку наврати да не се гласа законот. Предупредуваат на опасноста од појава на коцкање на црно, дека без работа ќе останат над 10 илјади луѓе и други проблеми.
ас