Соопштение на Движење ЗНАМ за Наша Македонија Општинска Организација Тетово:
„Во врска со палењето на гуми во селото Желино наспроти фабриката Киел Движењето ЗНАМ за Наша Македонија Општинска Организација Тетово, бараме до надлежните во најкраток рок да се истражи целиот случај, а посебно причините поради кои е дојдено до оваа еколошка катастрофа за градот Тетово и околината, дали пожарот е подметнат и доколку истото е направено сторителите да се пронајдат и да се казнат согласно Законот. Ваквото однесување не смее да продолжи, ваквите проблеми влијаат на сите граѓани кои живеат во градот Тетово и околината, а посебно на нивното здравје и квалитетот на животот. Апелираме до надлежните институции да ги преземат сите мерки за побрзо и поефикасно расчистување на случајот, се вели во соопштението на Движење ЗНАМ за Наша Македонија и претседателот на општинската организација Небојша Захариески.