Соопштение на СВР Тетово 26 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (25 март) околу 20 часот и 10 минути на улица „113“ во Тетово го привеле 50-годишниот тетовец Р.А., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Вчера (25 март) околу 22 часот и 45 минути на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец К.Е., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (25 март) околу 14 часот и 45 минути на улица „Фуштанска“ во Тетово го привеле 24-годишниот А.А. од тетовска Долна Лешница, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (25 март) околу 11 часот и 30 минути на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 56-годишниот тетовец Ш.М., кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија.Пo документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесен законски предвидениот поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (25 март) околу 13 часот и 20 минути на улица „Радован Цониќ“ во Тетово го привеле 39-годишниот тетовец Ф.И, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од 67-годишниот тетовец Џ.Ф. дека физички го нападнал пред неговиот трговски објект на оваа улица. По целосно расчистување на случајот на Ф.И. ќе му биде изготвен поднесок.
Педесет и седумгодишниот С.А. од тетовска Мала Речица, вчера (25 март) во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 10 минути неговиот малолетен внук физички бил нападнат од нивниот сосед А.М.. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (25 март) во 19 часот и 10 минути на службен разговор во СВР Тетово била повикана 28-годишната Е.В. од Република Албанија со престој во Тетово. Таа во 17 часот и 20 минути била пријавена од 29-годишната тетовка С.И. дека околу 15 часот во близина на тетовско основно училиште физички ја нападнала и ѝ се заканила со остар предмет. Според пријавеното, Е.В. во појасот имала и оружје. Се преземаат мерки и активности за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (25 март) во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „173“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф.И. од тетовско Новаке, удрило во малолетничка од тетовски Пирок. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово