Центар за балканска соработка Лоја по 13-ти пат го организира филмскиот фестивал „Вач аут“ (WatchOut) во Тетово. Филмските проекции ќе почнат вечерва по свеченото отворање во 20 часот во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија во населбата Два Бреста во Тетово. Во текот на овие четири дена до 15 јуни ќе се прикажат вкупно 26 филмови.
„Ова издание на филмскиот фестивал WatchOut ги слави животот и надежта, а истовремено истражувајќи ги неодамнешните реалности и борбата за подобар живот. Фестивалот ја користи уметноста и културата да ги донесе овие наративи на реалноста поблиску до нас, премостувајќи ги со надеж и посветла иднина, истакна Бујар Љума, претседател на Лоја.
За да учествуваат на филмскиот фестивал се пријавиле 630 филмови од 81 земја и шест континенти.
„Примените филмови, докажуваат дека кинематографијата емост кој го поврзува свстот поминува сите граници. Среќни сме да посведочиме дека WatchOut преставува славење на кинематографијата и референтна точка за филмските автори и љубителите на филмот. Покрај вечерните проекции, ова издание ќе биде исто така обележаносо работилници и специјални проекции проследени со дебата, кои ќе се случуваат во просториите на Центарот Лоја“, истакна Егзона Муслиу.
Јулија Очински, граѓански активист од Германија, Оливер Мусовиќ-уметник од Македонија, Милто Кутали театарски режисер н универзитатски професор од Албанија се членовите на жирито.
„Жирито ги награди следните филмови, краток игран филм „Доказ за љубов“ на Денис Назари од Италија, експериментален и анимиран филм „Annа Morphose“, на Јоао Родригес од Португалија, како и документарен филм „Ние, жените преживеани, од Итксасо Диаз од Шпанија, информира волонтерката Џина од Франција
Сите филмови ќе бидат прикажани во оргиналната верзија со превод на англиски јазик. Во случај на неповолно време проекциите ќе бидат во Центарот Лоја.
ас