• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ФК Тетекс почна со подготвки, екипата ја предводи Љупчо Марковски-Калц

16/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Фудбалската легенда Љупчо Марковски-Калц од денеска почна да го води ФК Тетекс во намерата клубот да обезбеди опстанок во Втората лига.  Марковски ја направи првата прозивка на фудбалерите по што започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

-Новото раководство на ФК Тетекс стапија со мене во контакт. Тетекс е во незавидна ситуација, и е еден предизвик за сите нас, и за управата и за мене како тренер, да успееме да го спасиме Тетекс да остане во Втората лига. Она што не очекува е подготовки, денеска е старт на подготовките, до понеделник сме во Тетово, потоа заминуваме на осум дена во Дојран. Потоа се враќаме во Тетово и продолжуваме со работа. За да се оствари оваа мисија потребно е сите да влеземе 100 посто посветено. Тоа значи и стручниот штаб и фудбалерите и Управата и секако навивачите Војводи кои ќе ни бидат потребни да го оствариме посакуваното да остане клубот во Втора лига, изјави Марковски.

Во клубот веќе пристигнаа и неколку засилувања.

-Има нови фудбалери, има доста и млади. Од поискусните Христијан Кировски, Трајче Стојковски, Мики Митров, Јусуф Мустафа.  Има доста имиња нови, се надевам дека на оние позиции на кои недостасуваат фудбалери ќе најдеме играч-два да ја засили конкуренцијата и да бидеме конкурентни во Втора лига. Тетекс тргнува со минус шест бода од оние местата што се над црта за испаѓање и е тешка работа, рече Марковски.

Во сабота ќе се игра пријателски дуел во Тетово со ФК Беса, а натпревари се закажани и за време на престојот во Дојран.

Марковски како шеф на стручен штаб ќе го има Дејан Савевски, како прв асистент, Филип Павловски како кондиционен тренер, а Миле Спировски тренер на голманите.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Полицијата ќе ги засили контролите во локалите за престој и давањето алкохол на малолетници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.