Денес СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“-Тетово го одбележи својот патронен празник под мотото Минато – сегашност – иднина – да се почитува, живее и создава“.
Во рамките на чествувањето беше организирана пригодна свеченост, на која учество зедоа дел од учениците со пригоден дијалог и рецитал посветен на патронот на училиштето, Кирил Пејчиновиќ.
„Се читаа извадоци од наградените есеи од општинскиот и регионалниот натпревар по историја. Се доделија благодарници на учениците и нивните професори-ментори кои учествуваа на натпреварите по предметите Англиски јазик, Историја, Информатика, Математика, Хемија и Спорт“, информираа од Гимназијата.
Во рамките на чествувањето на патронот се реализираа културно-уметнички активности (ликовна изложба и музички перформанс) и спортски активности (натпревар во пинг-понг).
Беше оддадена почит на патронот на неговото вечно почивалиште во Лешочкиот манастир.