• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Глигорије Стојановски: Даваме целосна поддршка на иницијативата за градски парк во Тетово

05/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Носителот на листата со кандидати за советници од СДСМ Глигорије Стојановски одржа прес конференција на која ги претстави проектите кои како партија и советничка група би се заложиле доколку се дел од мнозинството на Советот во Општина Тетово. Тие целосно даваат поддршка за реализација на граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ и конечно изградба на Градски парк во Тетово.

-Ќе започнеме со гасификација на нашиот град. Ветуваме, како и што сме докажале во минатото, асфалтирање и реконструкција на многу улици, тука би ја издвоил улицата и тротоарот на „Борис Кидрич“, која води накај автобуската и железничката станица. Исто така, несомнено би се заложиле и за следниве проекти кои се од исклучително значење за тетовчани и кои истите го подобруваат квалитетот на животот во нашата општина. Поставување на семафори на раскрсницата на булевар „Благоја Тоска“ и улица „Љубо Божиновски- Пиш“, пред Тетовчанка, затоа што безбедноста е од приоритетен карактер. Пробивање на улицата „Видое Смилески- Бато“ до село Порој и Џепчиште и изградба на мост на Поројска река, со цел растеретување на сообраќајниот метеж. Изградба на спортски терен во селото Сараќино, како и тротоар кој води до основното училиште во селото Фалише, посочи Стојановски.

Тој на прес-конференцијата се осврна на организацијата на Тетовското културно лето, посочувајќи дека манифестација која порано се одвиваше во духот на соживотот, а сега граѓаните биле сведоци на издание одржано раздвоено по етникум, базирано на националност и со намера за разединетост.

-Во овој контекст, морам да го напоменам избраниот почесен граѓанин од друга држава, без консензус и незаконски, без вообичаената правна пракса кога станува збор за назначување на личност од вакво големо значење. Тетовчани се длабоко разочарани. Ваква локална политика води само кон поделби и омраза.  Ветуваниот бесплатен паркинг од страна на моменталната локална гарнитура, се претвори во поскапување на истиот. Наместо реализација на ветувањето за изградба на катни гаражи ние добивме уште поголем сообраќаен метеж. Кучињата скитници станаа наша природна средина. Истите не се згрижуваа осум месеци, ама затоа сега се прави некој предизборен обид за нивно згрижување ама и тоа оди селективно, се третираат само агресивните кучиња. Знаеме дека сите овие кучиња скитници  претставуваат опасност по нашето здравје и безбедност. Впрочем, колку и да е апсурдно, мора да потенцирам еден факт на кој сите сме сведоци. Градоначалникот Биљал Касами и ДПМНЕ, досега, сите проекти кои ги отворија и реализираа всушност се проекти од претходната локална власт и Владата предводена од СДСМ. Нивната неспособност за нешто свое, тие цело време сакаат да го покријат со лажно претставување на државничкиот спор со Бугарија кој претставува дел од државната политика и истиот нема допирна точка со локалните проблеми, истакна Стојановски.

Тој рече дека СДСМ со помош на Владата, во изминатиот мандат успеа на локално ниво да допре речиси во секој аспект од општествениот живот-асфалтирање на пат до Попова Шапка, главната улица на населеното место Сараќино, како и улицата Гоце Делчев, изграден современ школски спортски базен, а во завршна фаза е и изградбата на Музејот на тетовски крај и спортската сала во ООУ Андреја Савески Кикиш.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Драган Ковачки:  Гласот за ВМРО ДПМНЕ значи прогрес за градот Тетово и граѓаните

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.