• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Годинава СВР Тетово со 72 поднесоци за измамници, апелираат за внимателност при контакт со непознати лица поради опасност од измами

23/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на 2022 година бележи 72 поднесоци за луѓе осомничени за измама, па поради честите вакви пријави од жртви, упатува апел до граѓаните да бидат посебно внимателни во почнувањето комуникација со непознати лица поради опасноста да бидат измамени. До сторителите на ваквите измами од полицијата исто така предупредуваат дека се подложни и на затворска казна .

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

-Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека измамите се кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична или затворска казна до три години. Годинава досега, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавени се вкупно 72 измами на поединци, од кои најголемиот број се веќе расчистени и заокружени со соодветни поднесоци против измамниците, вели Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.

Од досегашните искуства според Јосифоски, во контактите, измамниците вешто и досетливо, најчесто измислувајќи лажни приказни често успеваат да ја остварат целта и да дојдат, пред се, до парични средства или до друг вид материјална корист.

-Граѓаните да бидат внимателни зошто, во спротивно лесно можат да бидат доведени во заблуда со лажно прикажување или прикривање на факти, да бидат противправно парично или на друг начин оштетени, односно измамени, вели Јосифоски.

Полицијата порачува дека особено внимателни треба да бидат повозрасни лица кои се најчесто на мета на измамниците.

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Општински крос натпревар за ученици се одржа низ градските улици на Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!