• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Голем пожар кај Волковија причина за интензивнот чад во Тетово

22/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пожар на површина каде имало складиран смет во близина на селото Волковија на околу 20 километри од Тетово и 10 километри од Гостивар е причината за огромиот и густ чад којшто ноќеска и утринава се појави во Тетово. Пожарникарите добиле дојава еден час по полноќ, по што започна повеќе часовна интервенција.

-Пожарот е локализиран од наша страна, но огромна е депонијата. Пожарникарите се трудат да ја изгасат оваа депонија која е огромна. Се знае кога депониите кога се палат, тие и внатрешно се палат, горат. Покажува еднаш дека се е изгасната, ама пак се пали од внатрешната на депонијата, од ѓубрињата што ги има внатре и затоа има постојано чад, изјави Авни Амети командир на Тетовската територијална противпожарна единица.

Тој посочи дека се трудат што поскоро да се ликвидира пожарот поради големиот чад кој се појави во Тетово.

-Со сите наши сили се обидуваме да го завршиме, како што изгледа, состојбата нема да излезе од контрола. Бараме институциите да излезат во пресрет за да го завршиме побрзо и овој чад, да се среди ова што шири низ градовите Тетово и Гостивар да го завршиме побрзо, за да има повторно чист воздух во двата града. Што разбравме од експертите што се занимаваат со оваа работа, треба да се копа некоја дупка и целиот отпад да се стави во дупката и да се покрие со земја. Ние се трудиме да го имаме под контрола тој пожар, но чадот се проширил низ Полошкиот регион и создава многу проблеми и за нас пожарникарите што сме близу стоиме до пожарот, истакна Амети.

Подрачјето на кое изби пожарот е во рамки на Општина Брвеница, од каде информираат дека е извршен и увид на терен со оглед дека станува збор за имот на фирма која третира отпад. Фирмата „Еколивинг“ ДООЕЛ Чегране -Гостивар, е концесионер со дозвола на Министерството за животна средина да направи депонија за одложување на комунален отпад и таму се депонира отпадот од Општина Брвеница. Сопственикот на депонијата со закани кон новинарите и бараше да се оддалечат од местото.

-Кризниот штаб во Општина Брвеница беше алармиран утрово, дека има оган запалено на површина каде што е приватен соственик, правно лице кое има дозвола за третирање на отпад истата издадена од страна на Министерствотот за животна средина. Од страна на кризниот штб и инспекторот за животна средина, веднаш е пристапено на терен, констатирана е состојбата изработан е записник и за истото ќе се постапи согласно она што е констатирано од страна на инспекторот.  Во рамки на општина Брвеница, од страна на концесионер, тој е должен да го собира отпадот, меѓутоа во атарот на село Стенче, истиот има приватна сопственост, правниот субјект има право да го третира отпадот. Во рамки на надлежностите на Општина Брвеница, имаме инспектор за животна средина имаме комунален инспектор, превентивно пред почеток на летото делувавме кај сите правни субјекти, за правилно третирање на отпадот, изјави Горан Јовановски, секретар во Општина Брвеница.

Според секретарот на Општината, фирмата со претходното раководство склучила јавно приватно партнерство со договор на 15 години.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Во реката Вардар најдено безживотно тело на 52 годишникот од Теново по кого се трагаше изминативе недели

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!