Во четврток 27 април претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, ќе престојува во официјална посета на општина Тетово, информираа од локалната самоуправа.
Според агендата по средбата во зградата на општината и прес-конференција, Вјоса Османи Садриу ќе го посети основното училиште „Лирија“, градскиот плоштад и Шарена џамија.
Во градот се поставени билборди преку кои се и се посакува добредојде на претседателката на Косово. Вјоса Османи Садриу е претседателка на Косово од април 2021 година.
ас