Соопштение на Општина Тетово
Во врска со штетите предизвикани од невремето што ја зафати нашата Општина, сакаме да Ве информираме, дека сите граѓани кои имаат штети, можат да поднесат барање за проценка на штета до Општина Тетово. Барањето треба да го подигнат и пополнето да го достават во архивата на општината.
Оштетените треба да приложат:
- Имотен лист/доказ за сопственост
- Фотографии од оштетениот објект
- Копија од лична карта
- Копија од трансакциска сметка
По разгледување на барањата и извршената проценка на Комисијата, истите ќе бидат доставени на одобрување во Советот на Општина Тетово.