Кој се движел денес по булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово на потегот од пазарот до касарната можеше да забележи дека има многу отпадоци, песок и прашина. Иако беше најавено од општината дека ќе се направи миење на оваа долга сообраќајница, тоа е направено само на потегот од мостото кај болницата па до текстилното школо.
Вчера од Општина Тетово се пофалија на социјалните мрежи дека екипи на пожарната и ЈКП Тетово го измиле и исчистиле коловозот на булевар „Благоја Тоска“.
– Ова е почеток, оваа акција ќе продолжи и на други улици и во села на општина Тетово, за едно почисто Тетово, порачаа од Општина Тетово.
Реагираат граѓаните-се бара миење на улиците да се прави на целиот булевар како и други улици низ Тетово.
фото Општина Тетово