• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Граѓански протест пред тетовскиот суд, се бара да се судат и казнат вистинските виновници и политичари за трагедијата со модуларната болница

16/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Група граѓани се собраа денес пред зградата на Обвинителството и Основен суд во Тетово со цел да реагираат на судскиот процес за трагедијата од 8 септември 2021 кога во пожар во модуларната болница животите ги загубија 14 луѓе.

Организаторите од иницијативата „Подобро за Тетово“ побараа политичка одговорност за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите.

– За 5 години имаме 4 трагедии, 97 жртви и НУЛА дена затвор. Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е НУЛА. Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување која ја држи државата во заложништво, истакна Елмедина Абдулахи.

Од иницијативата побараа Владата да реагира.

– Бараме Владата веднаш да го разреши Јавниот обвинител Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично. Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата Брако. Нема правда, нема мир, посочи Елмедина Абдулахи во барањата.

Граѓаните носеа натписи со различни пароли, преку кои се бараше да има соодветна правда.

– Без да се среди судството во својата содржина држава нема да има во Македонија. Секој ден може да протестираме, но ова нека биде почеток цела Македонија да реагира. Се случило во Тетово, може да се случи секаде. На никого не го интересира што се случува со народот. А народот ги вработува тие горе. Апел до сите да се отрезнат и сè тоа тоа треба од почетокот. Ова држава треба да се среди или ќе ја нема. Не ќе ја нема од нас, туку од тие што ја водат, изјави граѓанин учесник на собирот.

Присутните на протестот ги оставија натписите и паролите залепени или закачени на зградата од судот.

ас

Поврзани објави

Вести

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите

23/09/2023
Вести

Над 100 милиони денари инвестиции во Општина Брвеница, реализирани 80 проценти од ветената програма на половина од мандатот

23/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Вести

И денес продолжува гаснењето на пожарот во боровата шума над Милетино

23/09/2023
Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Следна објава

Дете повредено од куче скитник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!