• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Група лекари и медицински персонал дел од мирниот протест за поддршка на д-р Бобан Вучевски

06/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неколкумина лекари и медицински персонал денеска дојдоа пред тетовскиот суд каде повторно се одржа мирен јавен протест со цел поддршка за д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница.

Медицинските лица истакнаа дека нивниот колега за време на пандемијата бил меѓу тие кои постојано биле на работа и за тоа го жртвувале приватниот живот.

-Дојдени сме да му дадеме поддршка на нашиот најхуман колега доктор Бобан. Кој што за жал поради системот кој не ни функционира, па наместо како добри, вредни и хумани доктори да се наградуваат, тие се влечат по судници. На жалост, таков е нашиот систем. Наместо толку мал број, сега требаше цело Тетово требаше да биде тука. Затоа што д-р  Боби е еден од најхуманите луѓе-додека владееше пандемијата 24 часа седум дена беше на работа. Зарем овој наш колега немаше семејство, немаше свои деца, целиот свој живот го посвети на пациентите.Кај се сега сите тие пациенти, кај се и нашите колеги. Не само да се зборува по социјални мрежи тука треба сите да го поддржиме нашиот колега. Нашите добри стручњаци и добри колеги хумани и вредни на овој начин се навредуваат. Колегата не беше крив за тоа што имаше посета, кривицата е што болницата нема доволно медицински персонал, изјави една од докторките, присутни на протестот.

Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потенцираат дека докторот е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19.

-Тука сум за поддршка на доктор Боби .Мислам дека не е ферски, ова што му го направија на него.  Нема смисла обвиненијата со тоа што се случи. Сега му одземааат време, наместо да спасува животи, тој не може да работи сега како што треба.

За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Капелата кај православните гробишта ќе почне да функционира од понеделник 10 април

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!