Градскиот тетовски женски младински хор „Менада“ по повод на 19-ти ноември денот на ослободувањето на Тетово, организира концерт на фолклорна музика. Карактеристика ќе биде хорска изведба на фолклорни песни. Концертот ќе се одржи НУ „Музеј на тетовскиот крај“ (Дом на АРМ) организира, со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.
-Македонската традиција и обичаи во недела ќе бидат раскажани преку хорска изведба на градскиот хор „Менада“. Концертот ќе биде проследен со автентичен етно стил. На промотивниот плакат се претставени три невести – Сетолчанки, дело на академскиот сликар Павле Кузмановски, како илустрација на песната „Огреала месечина“, информира диригентот Ивица Зориќ, основач и долгогодишен диригент на хорот.
ас